ПОЛИТИКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Производство на кечап и доматен сос, мајонез и сосови од мајонез, маринирани производи, овошни џемови, желеа и мармалади и производи од какао и чоколадни производи, усогласени со барањата за безбедноста на храната и со примена на современи технологии за производство, на основа на барањата за безбедна храна.

Примена на Добрата хигиенска и Добрата производна пракса, како предуслов за производство, продажба и дистрибуција на безбедни прехрамбени производи.

Почитување на националните законски барања и меѓународните регулатици и стандарди за безбедност на храната.

Обезбедување на безбедна работна средина и услови за производство на производи со стандарден квалитет, безбедни за исхрана и по вкус на купувачите.

Набавка на суровини и амбалажа од однапред одобрени добавувачи, согласно со барањата за безбедност на храната.

Eдукација на персоналот и континуирано поттикнување на свеста за примена на системот за безбедноста на храната, заштитата на животната средина, личната хигиена и здравјето на конзументите.

Исполнување на барањата на купувачите и почитување на нивното мислење за квалитетот и безбедноста на храната која ја произведуваме.