Македонските компании се повеќе инвестираат во нови производи и го прошируваат својот асортиман. Пример за ова е компанијата КИМ од Неготино која овој месец го лансира својот најнов производ смути.
Вкупно 5 различни видови на комбинации и вкусови на смути. Тоа е најновиот производ на КИМ на македонскиот пазар. Направени се од органско овошје без додаден шеќер. Вкусовите се одлични, освежителни и уникатни. Дефинитивно нешто што недостигаше на македонскиот пазар.
Првиот вид на смути е антиоксидант смути и е направен од боровинка, арониа и јагода. Има денови кога сите се чувствуваме слабо и немаме енергија. Овој антиоксидант смути на КИМ, составен од боровинка, арониа и јагода, е создаден токму за тие денови. Ќе ве наполни со енергија и ќе бидете спремни за работниот ден. Вашите деца исто така ќе го обожаваат. Ем здраво и полно со витамини, ем вкусно. Направено од природни македонски овошја, без додаден шеќер, и без ГМО.
Вториот вид на смути на КИМ е detox смути и е направен од кајсија, праска и банана. Освежете го и прочистете го организмот по напорната работна недела. Добијте ја енергијата која ви е неопходна за комплетирање на работните задачи. Ова смути на КИМ изобилува со свежи плодови на кајсија, праска и банана, кои ќе го препородат вашиот организам. Дополнително, совршената комбинација на кајсија и праска, прелиени со неодминливата банана, го прави ова смути неверојатно вкусно и неодоливо.
Третиот производ е raspberry смути кој е комбинација од малинка, банана и боровинка. Ретко кога некој производ што е толку многу здрав, е во исто време и толку многу вкусен. Токму такво е смутито од малинка, банана и боровинка на КИМ. Доминираат шумските ноти, кои прелиени со егзотиката на бананата добиваат една нова димензија на вкус каков што не сте пробале.
Четвртиот производ е неизбежниот strawberry смути кој е направен од јагода и вишна. Дали уживате во вкусот на здрава органска јагода набрана од најубавото македонско поднебје? Кој не би уживал! Ова смути е создадено за сите оние кои ја сакаат пролетта и вкусот на најубавите јагоди кои се топат во вашата уста.
И петиот вкус е vitaberry смути кој е направен од боровинка, капина, малина и арониа. Македонските планини ни подариле најздрави шумски плодови од кои е направено ова смути на КИМ. Совршената комбинација од боровинка, капина, малина и аронија е одлична за вашето здравје. За вкусот да не зборуваме, ќе мора да пробате сами.
Сите пет вкусови ги има во две големини и тоа во шише од 700 грама и во шишенце од 200 грама.
Се надеваме ќе ги пробате и ќе уживате во одличните вкусови на смути на КИМ, за кои дефинитивно ќе посакате да ги консумирате секој ден.