„Во градот под виновата лоза највкусната храна се прави од грозје, а само од неговиот сок се добива производ со карактеристичен мирис и слатко-кисел вкус.“ – со овие зборови BBC на македонски пишуваше за чудото од лек кој поттекнува од Тиквешијата – неговото височество маџунот.
Приказната за маџунот е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата, според археолошките истражувања, одгледувањето на виновата лоза гради своја традиција повеќе од 2.000 години.
100% природен производ
Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси со карактеристичен мирис и слатко-кисел вкус. Гроздовиот слад – Маџун претставува природен засладувач кој се произведува од гроздов сок и одлична замена за сахарозата (белиот шеќер).
Маџунот е традиционален и национален македонски производ кој се користел и произведувал масовно се до комерцијалната продажба на белиот шеќер. Се добива од висококвалитетни и бели и црвени сорти грозје. Овој производ кој што се употребува како храна, се повеќе се бара и како лек. Тој е природен антиоксиданс, содржи гроздов шеќер (гликоза и фруктоза), богат е со хидросолубилни витамини (В1, В2, Б6 и C), минерали (K, Na, Ca, P, Fe), танински материи, флавоноиди и органски киселини.
Се препорачува за зајакнување на имунилошкиот систем кај децата, рековалесценти, возрасни, спортисти како и кај лица со зголемен психофизички напор, како и кај оние со зголемено ниво на триглицериди. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при инфекции на дишните органи, при нарушена функција на хепар (жолтица, алкохолизам), при психолошки нарушување и прекумерна тежина. Најдобро е да се употребува превентивно, со цел да се избегнат непријатните настинки.
Секојдневната конзумација на маџунот ќе придонесе за подобрување на целокупно здравје. Се препорачува да се внесува по 1-2 супени лажици дневно растворен во вода, чај, млеко или со директна конзумација.
Пробајте го маџунот во пакување од 390 грама, кој може да го најдете во најблискиот маркет до вас каде има производи на КИМ.